
Совети:
Болести:
НОВОСТИ
Партнери:
Добр
одојдовте на нашиот сајт!
Ако сакате да имате прекрасна насмевка која изгледа природно---тогаш сте на вистинското место
Имаме одличен тим посветен на грижата за забите. Работното време го прилагодуваме според потребите на пациентите. Нудиме сигурност, се држиме до закажаното време и цениме кога пациентите покажуваат обострано почитување кон нас.
Услугата која ќе ја добиете е единствена......сосема поинаква од претходните искуства што сте ги доживеале кај некој стоматолог,целосно насочена кон и околу пациентот, неговиот комфор, здравје и желби. Нашата мисија е да ви помогнеме да ги остварите вашите планирани цели, било да се работи за козметички третман на забите или третман кој ќе ја подобри нивната функционалност.
Особена гордост е тоа што нудиме стоматолошки услуги со висок квалитет, а во исто време успеваме нашите пациенти да се чувствуваат пријатно и удобно за целото времетраење на третманот на нивните заби.
Услугите што ги нудиме може да се поделат во две категории и тоа: услуги што се покриени од страна на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија и друг вид (повеќе козметички) услуги.
Нашата ординација има склучено договор со Фондот, па според тоа сите пациенти кои имаат сини картони може да се лекуваат кај нас по цените кои што ги има утврдено Фондот и за онаа палета на услуги кои се покриени од страна на Фондот.
За сите други услуги цената зависи од типот на услугата, како и од квалитетот на материјалите кои се користат при извршување на стоматолошката интервенција врз пациентот.
