Како што старееме, многу е важно да водиме грижа за нашите заби и непцата – тоа влијае на нашето општо здравје и на тоа како се чувствуваме од ден во ден. Здравата уста им овозможува на луѓето да јадат, зборуваат и се дружат без болки, непријатност или срам. Расипувањето на забите (забен кариес) и заболувањето на непцата (периодонтитис) во мнозинството случаи може да се одбегнат или лекуваат ако навреме ги спречиме.
Има докази дека лошото здравје на устата е поврзано со голем број други здравствени проблеми. Јадењето погрешен вид храна може да доведе до испаѓање на забите и други здравствени проблеми, но исто така може да значи да не можеме правилно да јадеме и џвакаме, па нашето здравје и на тој начин да биде погодено. Инфекција во устата може да влијае врз целото тело и може да биде поврзана со срцеви заболувања, шеќерна болест (дијабетес), мозочен удар (stroke) и болести на дишните органи. Како последици на лошото здравје на забите најчести состојби се расипани заби и забоболка, крвавење на непцата, рани во устата, лош здив, ронење на забите и сува уста. Обично тие проблеми лесно може да се спречат или лекуваат.