Вештачки вилици

• Забниот камен се појавува на вештачките вилици како и на забите, предизвикувајќи лош здив, расипување на преостанатите заби и заболување на непцата.
• Вадете ги вилиците после секое јадење и измијте ги; мијте ги вилиците и непцата двапати дневно.
• Мијте ги со четка за нокти и сапун; не користете нормална паста за заби, бидејќи е многу груба. Не користете жешка вода или силни средства за чистење во домаќинство, како што е варикина (bleach).
• Вадете ги ноќе и чувајте ги во чаша вода од чешма.

• Кога ги миете, во лавабото ставете крпа или вода, за да не се скршат ако ги испуштите
• Кажете му на забарот за секоја пукнатина или откршено парче; сите вилици мора редовно да се прегледуваат. Отидете кај забар ако вилицата не „лежи“ добро.
• Побарајте од забарот на вилиците да ги изгравира вашите иницијали, за да нема забуни ако се изгубат во болница.
• Бидете внимателни со вашите вилици