Исхрана и Хранливост

Подобрувањето на вашето здравје со јадење овошје и зеленчук исто така го намалува ризикот од заболувања. Нездравата исхрана може да доведе до заболувања на непцата и расипување на забите, па за да ги заштитите вашите заби многу е важно да јадете хранлива храна. Прехранбени производи со многу јагленохидрати, шеќери и скроб, создаваат повеќе киселини на забниот камен кои ја напаѓаат забната глеѓ и предизивикуваат расипување. Ако морате да јадете прехрабнени производи со многу шеќер или скроб, јадете ги со главните оброци, а не како ужина, и одбегнувајте леплива храна.
Ксилитол е природен засладувач што може да се користи наместо шеќер.
Тој не го засилува создавањето на забен камен и дури може да помогне при уништувањето на бактериите кои предизвикуваат расипување. Правилната исхрана исто така придонесува за здравјето на забите.

Австралиските упатства за исхрана (Australian Dietary Guidelines) препорачуваат возрасните секој ден да јадат најмалку 2 мерки овошје и 5 мерки зеленчук, затоа што тие се богати со витамини, минерали и прехранбени влакна. Некои видови зеленчук во мешунки (legumes), како што се грашок, грав, боранија и слично, исто така содржат протеин.